ALL EYEZ ON ME
Ја открива вистинската и до сега нераскажана приказна за раперот, актер, поет и активист Тупак Шакур, кој што имал многу плоден творечки опус. Филмот го следи Шакур од неговите рани денови во Њујорк, до неговата еволуција во еден од најпознатите и влијателни гласови во светот, па се до неговата прерана смрт на возраст од 25 години. Иако изгледало невозможно, неговиот талент, моќните текстови и револуционерниот начин на размислување, го претворија во културна икона чие наследство продолжува да опстојува долго по неговото заминување од овој свет.
Жанр: Биографски, Драма, Мјузикл
Траење на филмот : 144 минути
Режија: Benny Boom
Улоги: Demetrius Shipp Jr., Danai Gurira, Katerina Graham
Возрасна категорија: Четврта категорија, 16+
Дистрибутер: 2i Film
Датуми на прикажување:
Петок | 07.07.2017. | 22:15 | |
Сабота | 08.07.2017. | 22:15 | |
Недела | 09.07.2017. | 22:15 | |
Цена на влезниците: 150 денари.