„Ах, љубов моја“ е приказна за позната поп пеачка Сузан, која по успешната турнеја низ Турција и емотивните проблеми предизвикани од раскинувањето на долгогодишната љубовна врска, доаѓа во еден хотел да се одмори во мир и тишина, далеку од јавноста и новинарите. Меѓутоа, во хотелот се појавува нејзиниот поранешен љубовник Селпин, кој сака да се збогува со неа, по што се тргнува наопаку. Изненадувачки средби, неочекувани личности и ситуации, кои на крајот сепак ќе завршат со среќен крај.
Жанр: Комедија, Романтичен / љубовен
Траење на филмот : 104 минути
Режија: Никола-Коле Ангеловски
Улоги: Нина Деан, Атанас Атанасовски, Александар Микиќ, Марија Кондовска, Соња Стамболџиоска
Возрасна категорија: Четврта категорија, 16+
Дистрибутер: KT Film & Media
Датуми на прикажување:
Вторник | 02.05.2017. | 20:00 |
Среда | 03.05.2017. | 20:00(м.сала) |
Четврток | 04.05.2017. | 20:00(м.сала) |
Цена на влезниците: 100 денари.