Holop
Роден во богато семејство, младиот Григориј „Гриша“(Милош Биковиќ) е толку комфорен во својот начин на живот, што мисли дека е над законот. Кога оди предалеку со своите испади и се соочува со затворска казна, неговиот татко презема радикални мерки. Со помошта на својот стар пријател, психолог, таткото смислува план да го рехабилитира својот непослушен син. Гриша е дел од наместена сообраќајна незгода, а кога ќе се освести, се наоѓа во 1860-та година, на голем селски имот како обичен слуга. Луѓето кои го опкружуваат се исто така слуги и никогаш не слушнале за мобилни телефони. Гриша поминува тежок пат од разгален богаташ до човек кој ги цени малите животни задоволства и вредната работа и конечно ги запознава добрите страни на вистинско пријателство и љубов.
Жанр: Комедија, Авантура, Фантазија
Траење на филмот : 110 минути
Режија: Klim Šipenko
Улоги: Miloš Biković, Ivan Ohlobistin, Marija Mironova, Aleksandr Samojlenko, Aleksandra Bortič, Olga Dibceva
Возрасна категорија: трета категорија, +12
Дистрибутер:Konstantin Film MKD DOOEL Skopje
Датуми на прикажување:
Цена на влезниците: 150 денари.