Wildlings
Младата Боријана сонува да стане шампион во мотоцикли, наместо тоа е разочарана разведена жена која се занимава со чистење домови. Мила сака да биде писателка, но пишува само мејлови и летоци во кол-центарот каде што работи. Сѐ се менува кога Боријана повторно се вљубува. Спремна е да стори сѐ за љубениот. Заради него краде 30.000 лева од сефот на едно богато семејство за кое работи. Поентата е да ги врати парите пред да забележат дека ги нема. Ова поттикнува лавина од брзоплети одлуки и непредвидливи постапки. Боријана „случајно“ ги киднапира Мартин (Базил Ајденбенц) синот на богатото семејство и ја вовлекува најдобрата другарка Мила (Луиза Григорова-Макариев) во целата ситуација. Двете импулсивни жени се наоѓаат на пат за Варна со украдени пари, киднапиран маж на задното седиште и полиција зад пети. Инспектор Донев (Александар Сано) е кошмар за сите криминалци и е одлучен да ги фати двете „домаќинки“ како што ги нарекува, но Боријана и Мила се покреативни кога треба да спасат глава. Предизвиците со кои се соочуваат ги зближуваат уште повеќе и сфаќаат што, всушност, значи вистинското пријателство. Конечно откриваат дека среќата е прашање на избор и дека треба да се борат за своите соништа ако сакаат да станат тоа што отсекогаш сакале. Многу хумор, бесна акција и добра музика компонирана специјално за филмот, силно пријателство и вистинка љубов. „Диви и среќни“ е сето тоа.
Жанр: Драма, Комедија
Траење на филмот : 135 минути
Режија: Мартин Макaриев
Улоги: Јана Маринова,Луиза Грирогова-Макариев,Александар Сано
Возрасна категорија: трета категорија, +12
Дистрибутер:
Датуми на прикажување:
Четврток | 13.02.2020. | 20:00 |
Петок | 14.02.2020. | 20:00 |
Сабота | 15.02.2020 | 22:00 |
Недела | 16.02.2020. | 20:00 |
Понеделник | 17.02.2020. | 22:00 |
Вторник | 18.02.2020. | 20:00 |
Среда | 19.02.2020. | 20:00 |
Цена на влезниците: 150 денари.