Во еден мал туристички град, пензионерскиот живот на Никола е со секојдневна рутина. Последните години од неговиот живот ги минувам како вдовец. Неговата жена е почината пред 10 години. Се има навикнато да живее како самец. Неговите комшии му се единствени пријатели кои го посетуваат и го проверуваат неговото здравје. Никола е свесен дека нема уште многу време за живеење. Последниот период го минува во тишина, размислувајќи за периодите од неговиот живот, на моментите на радост и тага, на поентата за живеењето, за одлуките кои и донел, за работите кои ги направил, а и за тие кои не ги направил. Но, еден ден, неговиот спокоен живот, ќе биде нарушен со ненајавеното доаѓање на неговиот единствен внук кој нема дојдено кај Никола повеќе од 10 години
Жанр: фамилијарен,драма
Траење на филмот : 115 минути
Режија: Илија Пиперкоски
Улоги: Дејан Лилиќ, Салаетин Билал, Даниела Ивановска, Горан Стојаноски, Благој Веселинов, Наум Цветкоски
Возрасна категорија: трета категорија, +12
Дистрибутер:
Датуми на прикажување:
Сабота | 07.12.2019. | 20:00 |
Недела | 08.12.2019. | 20:00 |
Понеделник | 09.12.2019. | 22:00 |
Вторник | 10.12.2019. | 22:00 |
Среда | 11.12.2019 | 22:00 |
Цена на влезниците: 100 денари.