„Медена земја“ раскажува за животот на една жена која живее сама со својата мајка во централна Македонија, во многу примитивни услови и произведува мед од диви пчели. Таа е последната жена-одгледувач на диви пчели во Европа, која сака да ги спаси пчелите и природниот баланс на планетата. Главната идеја на документарниот филм е да се прикаже припадноста на човекот кон природата преку посебноста на односот кој тој го има кон неа и нарушување на природната рамнотежа преку судирот на два различни начина на искористување на земјините ресурси.
Жанр: Документарен
Траење на филмот : 85 минути
Режија: Љубо Стефанов и Тамара Котевска
Сниматели: Фејми Даут и Самир Љума
Продуцент и монтажер: Атанас Георгиев
Музика: „Фолтин“
Улоги: Хатиџе Муратова, Назифе Муратова, Хусеин Сам
Возрасна категорија: трета категорија, +12
Дистрибутер: Tris Films dooel
Датуми на прикажување:
Петок | 04.10.2019. | 20:00 |
Сабота | 05.10.2019. | 20:00 |
Недела | 06.10.2019. | 20:00 |
Понеделник | 07.10.2019. | 20:00 |
Вторник | 08.10.2019. | 22:15 |
Среда | 09.10.2019. | 22:15 |
Четврток | 10.10.2019. | 22:15 |
Сабота | 18.01.2020 | 22:00 |
Недела | 19.01.2020 | 22:00 |
Сабота | 25.01.2020 | 20:00 |
Недела | 26.01.2020 | 20:00 |
Цена на влезниците: 100 денари.