Utøya 22. juli
22 јули 2011 година повеќе од 500 млади луѓе беа нападнати од вооружен екстремист во летен камп на остров во близина на Осло. Претходно во денот, истиот човек, постави бомба во владината зграда на Норвешка. Прказната ја следи Каја (18) и нејзините пријатели кои тој кобен ден се наоѓаат во летниот камп, на островот Утоја. Филмот почнува кога група млади ги убедуваат најблиските дека се безбедни на островот и далеку од хаосот кој тој ден настанува во градот. Наеднаш, безбедната атмосфера се претвора во паника предизвикана од првите истрели.
Жанр: Драма, Трилер
Траење на филмот : 93 минути
Режија: Erik Poppe
Улоги: Andrea Berntzen, Elli Rhiannon Müller Osborne, Aleksander Holmen, Brede Fristad
Возрасна категорија: четврта категорија, +16
Дистрибутер: MCF MKD Skopje
Датуми на прикажување:
Четврток | 20.06.2019. | 22:15 |
Цена на влезниците: 2 влезници за 100 денари.