Four Hands
Откако Софи и Џесика биле сведоци на едно свирепо убиство во нивното детство, Џесика и ветила на својата помлада сестра Софи дека секогаш ќе ја чува, меѓутоа како стануваат возрасни ова постанува опсесија. Сега, Џесика (28) страда од параноја и насекаде гледа закани кон неа и нејзината сестра. Додека пак Софи (26) сака да живее нормален живот без никакви стравови и без својата сестра. Сака да постане пијанистка и среќно да се вљуби. Кога сторителите на свирепото убиство ќе бидат ослободени од затвор по 20 години, Џесика се шокира и веднаш сака да им се спротивстави. Но несреќно целосната ситуација се променува. Ветувањето на Џесика, дека секогаш ќе ја чува помалата сестра, се претвара во кошмар.
Жанр: Драма/Трилер
Траење на филмот : 94 минути
Режија: Оливер Киенле
Улоги: Frida-Lovisa Hamann, Friederike Becht, Christoph Letkowski
Возрасна категорија: четврта категорија, +16
Дистрибутер: КТ Филм и Медиа
Датуми на прикажување:
Понеделник | 22.04.2019. | 22:00 |
Вторник | 23.04.2019. | 22:00 |
Цена на влезниците: 100 денари.