US
Поставен во денешно време крај брегот на Северна Калифорнија,филмот НИЕ,со оскаровката Лупита Нјонг’о како Аделаид Вилсон, е приказна за жена која се враќа во својот дом од детството крај плажа со својот сопруг, Гејб, ( Винстон Дјук) и нивните две деца на идиличен летен одмор. Прогонувана од необјаснива и неразјаснета траума од нејзиното минато, измешана со низа морничави случајности, Аделаид чувствува дека нејзината параноја расте додека станува сигурна дека нешто лошо ќе му се случи на нејзиното семејство. По напнатиот ден на плажата со нивните пријатели, Тајлерови, Аделаид и семејството се враќаат во викендичката. Кога се стемнува, Вилсонови здогледуваат четири силуети како се држат за раце пред нивната куќа. НИЕ представува грижливо американско семејство против застрашувачки и опасен противник: нивните злобни двојници. Сценаристот и режисер Пил е и продуцент за неговата Манкипау Продакшн, заедно со Шон МекКитрик, Џејсон Блум и Иан Купер од Манкипау Продакшн.
Жанр: Трилер, Хорор
Траење на филмот : 114 минути
Режија: Jordan Peele
Улоги: Elisabeth Moss, Lupita Nyong’o, Anna Diop, Yahya Abdul-Mateeen II, Winston Duke
Возрасна категорија: четврта категорија, +16
Дистрибутер: Premium Film
Датуми на прикажување:
Петок | 29.03.2019. | 22:00 |
Сабота | 30.03.2019. | 22:00 |
Недела | 31.03.2019. | 22:00 |
Понеделник | 01.04.2019. | 22:15 |
Вторник | 02.04.2019. | 22:15 |
Среда | 03.04.2019. | 22:15 |
Цена на влезниците: 150 денари.