Во Штип, секој јануари, локалниот свештеник фрла дрвен крст во реката и стотина мажи се нурнуваат по него. Добра среќа и просперитет се загарантирани за оној кој ќе го фати. Овој пат, Петрунија скока по крстот и успева да го дофати крстот пред другите. Останатите натпреварувачи се бесни, како се осмелува една жена да учествува во нивниот ритуал? Се превртуваат небо и земја, но Петруија цврсто стои на земја – таа го фати крстот и нема да го предаде.
Жанр: Драма
Траење на филмот : 100 минути
Режија: Теона Стругар Митевска
Улоги: Зорица Нушева, Лабина Митевска, Петар Мирчевски, Виолета Шапковска, Симеон Мони Дамевски, Суад Беговски, Илија Волчески, Стефан Вујисиќ, Андријана Колевска,Владимир Тулиев
Возрасна категорија: четврта категорија, +16
Дистрибутер: Sisters and Brother Mitevski Production
Датуми на прикажување:
Четврток | 28.03.2019. | 20:00 |
Петок | 29.03.2019. | 20:00 |
Сабота | 30.03.2019. | 20:15 |
Недела | 31.03.2019. | 20:15 |
Понеделник | 08.04.2019. | 22:15 |
Вторник | 09.04.2019. | 22:15 |
Среда | 10.04.2019. | 22:15 |
Цена на влезниците: 150 денари.