Режисерското дуо Форсајт/Полард со мали елементи на драма и документарен филм успеа да прикаже како изгледа еден ден во животот на познатиот музичар Ник Кејв. Нарацијата, непогрешливо напишана и изговорена од страна на самиот Кејв, ни го објаснува неговиот светоглед, погледите кон животот и неговата филозофија на пишување песни. Во „20.000 денови на Земјата“ се појавуваат Кајли Миног, Реј Винстон и Ворен Елис, партнерот на Кејв од бендот. Филмот го доби својот назив според белешката на маргината на книгата песни на Кејв каде што тој пресметувал колку денови е жив. На годинешниов филмски фестивал Санденс ова филмско остварување освои награди за режија и за монтажа.
Жанр: музички документарец
Траење на филмот: 97 мин.
Технологија: 2D
Режија: Iain Forsyth, Jane Pollard
Улоги: Nick Cave, Susie Bick, Warren Ellis
Возрасна категорија: Трета категорија, 12+
НЕДЕЛА 07.12.2014 20.00 ч.
Цена на влезници: 150 денари