100.000 посетител во нашето кино

Националната установа Центар за култура во Битола, во чии рамки од 2013 година работи „3-Д“ кино, вечерва приреди изненадување за публиката и го промовираше 100.000-от посетител.
Билетот на 100.000-от посетител беше во рацете на Дејан Штаргоски од Прилеп кој со своите пријатели го следеше филмот „Војна на ѕвездите“.
-Не очекував вакво изненадување. Радосен сум што сум 100.000-от посетител во битолското „3-Д“ кино, често гледам филмови, посебно научна фантастика и затоа вечерва дојдов да го гледам филмот „Војна на ѕвездите“, изјави Штаргоски.
За 100.000-от посетител, НУ Центар за култура-Битола на Штаргоски му додели траен-доживотен билет за бесплатно гледање на сите филмови во „3-Д“ кино.
-Оваа бројка на посетители што ја регистриравме за 26 месеци од кога нашето „3-Д“ кино е во функција, уште еднаш ја потврдува атрактивноста на програмата во киното, за мојот тим и проектот кој што ќе трае како одлична понуда за сите гледачи. На вечерашниот настан доделивме посебна награда инспирирана од најубавите филмски бајки, награда на која ќе се радува вистински филмофил каков што е добитникот. Се надевам дека што поскоро ќе го имаме и 200.000-от гледач, затоа што секоја година бројот на посетители се зголемува благодарение на одличната филмска понуда, истакна Борче Димитровски, директор на НУ Центар за култура-Битола кој воедно му ја врачи наградата на 100.000-от посетител.

Поврзани објави

ЏОН ВИК 4

ЏОН ВИК 4

John Wick: Chapter 4 Џон Вик успева да најде начин како да ја победи Високата Маса. Но пред да успее да ја обезбеди својата слобода, Вик мора да се соочи со нов непријател со моќни конекции низ цел свет и старите непријатели да ги придобие на своја страна. Жанр:Акција, Трилер Траење на...

ВРЕСОК 6

ВРЕСОК 6

Scream VI Во ова продолжение, преживеаните од убивањата на Ghostface го напуштаат Вудсборо за нов почеток во Њујорк. Жанр:Хорор, Мистерија, Трилер Траење на филмот :  Режија: Matt Bettinelli-Olpin,Tyler Gillett Улоги: Melissa Barrera, Jenna Ortega, Courteney Cox, Jasmin Savoy...

МАГНЕТНА РЕЗОНАНЦА (мала сала)

МАГНЕТНА РЕЗОНАНЦА (мала сала)

R.M.N. Неколку дана пред Божиќ Матијас ја напушта работата во Германија и се ваќа во мултиетничкото трансилванско село. Сака да биде повеќе вклучен во растењето на својот син и да му помогне на детето да се ослободи од нејасни стравови. Матијас е окупиран и со својот стар татко, како и...