PATULJACI SA NASLOVNIH STRANA
Од режисерот на комедијата „Мртов ладен“ и „Некролог за Ескобар“ ни доаѓа нова регионална доза хумор. Никола (Гордан Кичиќ) има четириесеттина години и е водечка ѕвезда на реалити програмата што се вика „Три минути слава“. Во пракса, тоа изгледа така што тој безобразно ги навредува луѓето што се пријавуваат на тоа шоу и поради тоа е многу ценет и одлично платен. Неговите злобни и отровни зборови магнетски ги привлекуваат гледачите и ги креваат рејтинзите до небо. Освен тоа, тој смислува и разни други реалити формати, како и разни скриени камери. Всушност, неговиот живот е реалити програма. Неговиот најдобар пријател, Зоран (Борис Миливојевиќ), е сопственик на медиска куќа која се занимава со производство на разни реалити формати, а жената на неговиот пријател, Мира (Тамара Крцуновиќ), е неговата најголема љубов од младоста, што, се разбира, никој освен нив двајца не го знае. Животот на Никола почнува да се менува во моментот кга смислува начин како од младата девојка која ја турка нејзината амбициозна мајка да направо ѕвезда. И’ наместуваат скриена камера која се оттргнува од контрола и тој почнува да се прашува дали сето тоа е местенка, скриена камера што му ја местат нему. Кога ќе се увери дека одредени околности се сепак вистински, принуден е да ја спасува сопствената кожа на единствениот начин што го знае… Со помош на реалити програмата. Но тој мора да одлучи дали целиот негов живот е едно големо реалити шоу и што е во сето тоа вистина, а што се измислици што го креваат рејтингот.
Жанр: Комедија
Траење на филмот : 97 минути
Режија: Milorad Milinković
Улоги: Gordan Kičić, Boris Milivojević, Aleksandar Radojičić, Milena Radulović
Возрасна категорија: Трета категорија, +16.
Дистрибутер: Premium Film
Датуми на прикажување:
Четврток | 15.03.2018. | 22:15 |
Петок | 16.03.2018. | 22:00 |
Сабота | 17.03.2018. | 22:00 |
Цена на влезниците: 150 денари.