ХОТЕЛ ЈУГОСЛАВИЈА( мала сала)
Рејтинг 5
Вкупен рејтинг од 3 оцени на гласачи. Можете и вие да оставите оценка. Само притиснете на звездичките и "Прифати" копчето.
Прифати
Summary 5.0 супер

Hotel Jugoslavija

Изграден во Белград во 1969 година, хотел „Југославија“ беше митско место. Тој беше најголемиот хотел на Балканот, и симбол и сведок на разни моменти што ја обликуваа поранешна Југославија: Од Тито до Милошевиќ; од социјализам во национализам; од бомбашките напади на НАТО до корумпиран економски либерализам. Југославија повеќе не постои, но хотелот сé уште го прогонува белградскиот пејзаж, како одраз на српското општество во потрага по нови пресвртници. Со разгледување на различните простори и епохи на зградата, со собирање на сеќавањата на оние што живееле во него, режисерот – со југословенско потекло преку неговата мајка, но роден и израснат во Швајцарија – создава единствен простор-време во кое на површина испливува колективното несвесно како и дел од неговиот идентитет.
За швајцарскиот режисер документарниот филм е еден вид потрага за „изгубеното кралство“. Откриваме и дознаваме за ова место кое е симбол на една ера преку долга листа на негови привремени познати и непознати посетители и гледаме од далечина како една зграда може да воспоставува идеологии и национални идентитети, но исто така да стои
исправено пред колапсот на колективната меморија.
Филмот беше прикажан во програмата „Панорама“ на Берлинскиот филмски фестивал, а беше и во главната натпреварувачка програма на Документарниот филмски фестивал во Солун.

Жанр: Документарец

Траење на филмот : 78 Минути

Режија: Николас Вањиер

Улоги:

Возрасна категорија: Втора категорија, родителски надзор

Дистрибутер:  Катавеј Дооел

Датуми на прикажување:

Четврток 04.10.2018. 20:15
Петок 05.10.2018. 20:15
Сабота 06.10.2018. 22:15
Недела 07.10.2018. 20:15
Понеделник 08.10.2018. 22:15
Вторник 09.10.2018. 20:15


Цена на влезниците:
 100 денари.

Поврзани објави

СИ БЕШЕ ЕДНАШ ВО СРБИЈА

СИ БЕШЕ ЕДНАШ ВО СРБИЈА

Bilo jednom u Srbiji За време и по првата светска војна, две момчиња и две девојки од Лесковац: Цоне и Дине, Зорка и Ружица имаат различни судбини но повторно се сретнуваат. ССојузниците го однеле Дине во Париз, каде научил сѐ за убавините на животот. Откако е ранет, Цоне пати од амнезија и...

ДОКТОР СТРЕЈНЏ ВО МУЛТИВЕРЗУМОТ НА ЛУДИЛОТО

ДОКТОР СТРЕЈНЏ ВО МУЛТИВЕРЗУМОТ НА ЛУДИЛОТО

Doctor Strange in the Multiverse of Madness Доктор Стивен Стрејнџ фрла забранета магија која ја отвара вратата кон мултиверзумот, вклучувајќи и алтернативна верзија од него, која како закана за човештвото е преголема за комбинираните сили на Стрејнџ, Вонг и Ванда Максимоф. Жанр:Акција...

ПЛАТЕНИК

ПЛАТЕНИК

The Contractor Наредникот Џејмс Харпер, кој е отпуштен од специјалните сили на америчката војска, ризикува сѐ кога ќе се вработи во приватна организација на платеници. Жанр:Акција, Трилер Траење на филмот :  103 минути Режија: Tarik Saleh Улоги: Chris Pine, Ben Foster, Gillian...