The Killing of a Sacred Deer
Нов психолошки трилер од режисерот Јоргос Лантимос, мајсторот на црната комедија, со наслов „Убиство на Светиот Елен“, ни ја носи приказната за еден тинејџер кој се обидува да воведе еден брилијантен хирург во своето дисфункционално семејство. Во главната улога се појавува Колин Фарел, додека неговата сопруга ја глуми оскаровката Никол Кидман. Фарел глуми ценет кардио хирург кој наизглед има совршени сопруга, семејство и живот. Меѓутоа нешто е чудно кај него: најдобар пријател му е тинејџер на кој му купува необично скапи подароци, а помеѓу него и сопругата се чувствува суптилна тензија.
Жанр: Драма, Хорор, Мистерија
Траење на филмот : 127 минути
Режија: Yorgos Lanthimos
Улоги: Nicole Kidman, Alicia Silverstone, Colin Farrell
Возрасна категорија: Трета категорија, +16
Дистрибутер: MCF MKD Skopje
Датуми на прикажување:
Четврток | 30.11.2017. | 22:00 |
Петок | 01.12.2017. | 22:00 |
Сабота | 02.12.2017. | 22:00 |
Недела | 03.12.2017. | 22:00 |
Понеделник | 04.12.2017. | 22:00 |
Вторник | 05.12.2017. | 20:00 |
Среда | 06.12.2017. | 20:00 |
Цена на влезниците: 150 денари.