НЕДЕЛА НА ЈАПОНСКИ ФИЛМ

Петнаесетто издание на „Недела на јапонски филм“  во „Центар за култура – Битола“.

16 ЈУНИ (ЧЕТВРТОК), 20:00 ч. НОСАРИ: НЕПОСТОЈАНА ВЕЧНОСТ (Nosari no shima / Nosari: Impermanent Eternity/のさりの島)
17 ЈУНИ (ПЕТОК), 20:00 ч. НИЕ ПРАВИМЕ АНТИКВИТЕТИ (Uso happyaku / We Make Antiques/嘘八百)

 

16 ЈУНИ (ЧЕТВРТОК), 20:00 ч.
НИЕ ПРАВИМЕ АНТИКВИТЕТИ
(Uso happyaku / We Make Antiques/嘘八百)
Игран филм, Јапонија
2018, 105 мин., колор, ДЦП
Режија: Масахару Таке (Masaharu Take)
Сценарио: Шин Адачи (Shin Adachi)
Улоги: Киичи Накаи, Кураносуке Сасаки, Коган Ашиј
(Kiichi Nakai, Kuranosuke Sasaki, Kogan Ashiy)
Сакаи е гратче во близина на брегот на Осака, познато по мечевите во минатото, а денес по квалитетните кујнски ножеви. Во градот живеат Но-
рио, трговец со антиквитети, и Сасуке, кој е грнчар. Еден ден, пред нив ќе се појави Сен Но Рикју, церемонијал-мајстор за чај од XVIII век…

Филмот на Таке во 2018 беше на програмата на Јапонскиот филмски фестивал во Торонто, Канада.

По успехот на филмот кај публиката, во 2020 година авторскиот и актерскиот тим го сними продолжението НИЕ ПРАВИМЕ АНТИКВИТЕТИ! РАНДЕВУ ВО КЈОТО (Usohappyaku Kyomachi Rowaiyaru / We Make Antiques! Kyoto Rendezvous)
.
Возрасна категорија: за сите возрасти
Влезница: бесплатен влез

 

 

 

 

 

17 ЈУНИ (ПЕТОК), 20:00 ч.
НОСАРИ: НЕПОСТОЈАНА ВЕЧНОСТ
(Nosari no shima / Nosari: Impermanent Eternity/のさりの島)
Игран филм, Јапонија
2021, 129 мин., колор, ДЦП
Режија: Тацуја Јамамото (Tatsuya Yamamoto)
Сценарио: Тацуја Јамамото (Tatsuya Yamamoto)
Улоги: Кисецу Фуџивара, Чисако Хара (Kisetsu Fujiwara, Chisako Hara)Млад измамник талка низ земјата, им се јавува на постари луѓе кои жи-
веат сами, велејќи им „Бабо, јас сум“, ги лаже дека им е внук. Младичот талкајќи пристигнува во Амакуса, префектурата Кумамото, и ѝ се јавува
со познатиот поздрав на една стара жена која има музичка продавница, и таа срдечно го прифаќа.Измамникот секако наумил да ја измами старицата и да ѝ ги земе парите, но таа инсистира дека тој е нејзин внук. На крајот, непланирано, тие почнуваат да живеат заедно, а измамникот постепено почнува да се чувствува чудно удобно: почнува да се навикнува на пријателството со младите селани, на звуците и на пејзажот на Амакуса и на секојдневието
со старата дама. Авторот Тацуја Јамамото освои две номинации на националниот јапонски филмски фестивал Nippon Connection Japanese Film Festival 2021.
Возрасна категорија: за сите возрасти
Влезница: бесплатен влез

 

 

 

 

 

 

 

 

Поврзани објави

МИЊОНИ: ПОДЕМОТ НА ГРУ

МИЊОНИ: ПОДЕМОТ НА ГРУ

Minions: The Rise of Gru Во овој филм ќе ја гледаме нераскажаната приказна за едно 12-годишно момче чиј сон е да стане најголемиот негативец на сите времиња. Жанр:Анимиран / цртан, Авантура, Комедија Траење на филмот :  90 минути Режија: Kyle Balda, Brad...

ЕЛВИС

ЕЛВИС

Elvis Поглед во животот на легендарната рокенрол ѕвезда, Елвис. Жанр:Биографски, Драма Траење на филмот :  131 минути Режија: Baz Luhrmann Улоги:Tom Hanks, Austin Butler, Olivia DeJonge, Kodi Smit-McPhee, David Wenham Возрасна категорија:  Дистрибутер: Blitz Film and Video...

КАДИФЕНА КРАЛИЦА

КАДИФЕНА КРАЛИЦА

La Panthère des neiges Високо на тибетското плато, меѓу неистражените и недостапни долини, се наоѓа едно од последните светилишта на дивиот свет населено со ретка и неоткриена фауна. Винсент Муние, еден од најпознатите фотографи на дивиот свет, го носи со себе авантуристот и романсиер Силвен...