NEBESA / HEAVENS ABOVE
После половина век комунизам и атеизам – Христијанството е тука да остане! Оваа филмска алегорија со елементи на црна комедија е инспирирана од трите приказни на францускиот писател Марсел Аиме. Приказните за влијанието на чудата врз посткомунистичкото општество во транзицискиот период се одвиваат во 1993-та, 2001-ва и 2026-та година. Појавата на чуда е одговор на колективната свест на промените, кои ја присилуваат целата заедница светот околу себе, превртен наопаку да го гледа воново светло и чудесна перспектива. Овој филм поставува некои од суштинските прашања на современиот свет – Веруваме ли во Христа или се поклонуваме на Златното теле – идолот кој ги опредметува парите, конзумеризмот и алчноста? Како да го разликуваме Божјиот Дар од Искушението на Ѓаволот? Кога е Божјата милост всушност клетва? НЕБЕСА е филм кој поставува бројни прашања, но не нуди едноставни одговори, туку им остава на гледачите слобода сами да размислуваат за нив…
Жанр:Комедија, драма, фантазија
Траење на филмот : 120 минути
Режија: Срѓан Драгојевиќ
Улоги:Горан Навојец, Ксенија Маринковиќ, Бојан Навојец, Наташа Мирковиќ, Сана Костиќ, Радослав Рале Миленковиќ, Милош Самолов, Нела Михајловиќ, Никола Пејаковиќ, Срѓан Жика Тодоровиќ, Милош Тимотијевиќ, Анџелка Прпиќ, Ана Мандиќ
Возрасна категорија: Трета категорија, + 12
Дистрибутер:
Датуми на прикажување
Четврток | 01.12.2022. | 22:00 |
Петок | 02.12.2022. | 21:30 |
Понеделник | 05.12.2022. | 21:30 |
Цена на влезниците: 100 денари.