HOPE
43-годишната Ања и 59-годишниот Томас имаат големо семејство на биолошки деца и посинок. Веќе неколку години, тие се имаат отуѓено еден од друг, живеејќи и работејќи во паралелни светови. Кога Ања открива дека има терминална фаза на рак, нивниот модерен живот се распаѓа и ја разоткрива нивната нарушена врска. Сама со своите тага и стравови, Ања сфаќа дека ѝ е потребна целосна помош и поддршка од Томас. Тоа е нивната единствена шанса. Како инаку нивните деца ќе најдат сила откако таа ќе замине, ако нивните родители не можат заедно да ја преживеат бурата? Ања и Томас се приморани да најдат
решение за меѓусебна доверба, и на крајот заедничка борба, да се справат со неочекуваната и прерана смрт. Со повторното запознавање еден со друг, тие несвесно стануваат главни ликови во љубовната приказна каде конечно учат вистински да се сакаат по долгиот заеднички живот.
Жанр:Драма, романса
Траење на филмот : 130 минути
Режија: Мариа Содал
Улоги: Андреа Браин Ховиг, Стелан Скарсгард
Возрасна категорија: трета категорија, +12
Дистрибутер: КT Филм и Медиа
Датуми на прикажување
Вторник | 22.02.2022. | 20:00 |
Среда | 23.02.2022. | 20:00 |
Четврток | 24.02.2022. | 20:00 |
Цена на влезниците: 100 денари.