мое езеро
Рејтинг 0
Вкупен рејтинг од оцени на гласачи. Можете и вие да оставите оценка. Само притиснете на звездичките и "Прифати" копчето.
Прифати
Summary 0.0 лошо

My Lake

Бистриот и интелигентен тинејџер, КРИСТО, седи во својата клупа во училницата. На таблата наставничката ја има испишано темата на есејот: „Моето езеро“. Кристо размислува за значењето на овие зборови додека пишува: „Езерото може да ви даде се`, само треба да знаете како да побарате.” Кристо погледнува низ прозорецот и се навраќа на настаните од минатите неколку месеци. Младиот Кристо живее во село на работ на прекрасното Преспанско Езеро, водна површина поделена меѓу границите на три балкански држави – Албанија, Македонија и Грција. Кристо е горд сопственик на чамец и целосно ја користи оваа поволна географска положба. За да го издржува своето семејство, Кристо станува ситен шверцер на марихуана, го користи својот чамец и познавањето на езерото за да шверцува пакети од албанската на македонската страна. Со текот на времето, Кристо почнува да им се восхитува на двајцата дилери на дрога за кои работи – подмолниот, агресивен ИСМАИЛ и ПАСКО, баран криминалец што ги издржува својата сопруга, ДИТКА, и неговата стара мајка. Но светот на Кристо почнува да се менува. Кристо почнува да ги преиспитува своите животни одлуки откако ќе се вљуби во неговата паметна, грижлива наставничка, МИРАНДА. Исмаил е одлучен да ја преземе целата трговија со дрога на езерото. Во борбата за превласт што следува, Кристо ќе биде лошо повреден. Паско ќе падне во полициска заседа, наместен од Исмаил. Пред очите на  Кристо, Паско ќе биде смртоносно застрелан. Во сиот хаос, мајката на Паско ќе почине од шокот, а Дитка го напушта селото. Кога целата мала рибарска заедница ќе мисли дека Кристо е одговорен за смртта на Паско, момчето сфаќа дека ќе мора да стави крај на опасниот подем на Исмаил. Кристо го одмаздува Паско преправајќи се дека подметнал пожар на една важна пратка со дрога, постапка што ќе резултира со смртта на Исмаил. За да се збогува со своето криминално минато засекогаш, Кристо ги уништува парите од неговите дилери-ментори. Приказната завршува како што започнува, Кристо го завршува својот училиштен есеј на тема „Што може езерото да им даде на оние што знаат како да побараат“.

Жанр: драма

Траење на филмот :

Режија:  Gjergj Xhuvani

Улоги: Ariton Pollozhani , Tristan Halilaj, Vedran Zivolic

Возрасна категорија:  трета категорија,  +12

Дистрибутер:  фокус покус

Датуми на прикажување:

Сабота 02.10.2021. 20:30 (г.с.)
Недела 03.10.2021. 20:30 (г.с.)
Четврток 07.10.2021. 20:30 (м.с.)
Петок 08.10.2021. 20:30 (м.с.)
Недела 10.10.2021. 20:00 (м.с.)
Среда 13.10.2021. 20:30 (м.с.)
Четврток 14.10.2021. 20:30 (м.с.)
Петок 15.10.2021. 20:30 (м.с.)
Сабота 16.10.2021 20:30 (м.с.)

 

Цена на влезниците:  Голема сала (г.с.) 150 денари, Мала сала (м.с.) 100 денари.

Поврзани објави

СНЕЖАНА НА КРАЈОТ УМИРА

СНЕЖАНА НА КРАЈОТ УМИРА

Животите на една хикикомори уметница, радио водител со Аспергер синдром, сопственик на видеотека, филозоф од пред гранапче, креативен директор и гинеколог анти-наталист се испреплетуваат низ три откачени приказни за љубов, пријателство и посветеност Жанр: комедија/драма Траење на филмот : ...

БИЛЕТ ЗА РАЈОТ

БИЛЕТ ЗА РАЈОТ

Ticket to Paradise Одамна разведените родители на Лили, се здружуваат и патуваат заедно на Бали за да ја спречат Лили да ја направи истата гршка што тие мислат дека ја направиле пред 25 години. Жанр: Комедија, Романтичен / љубовен Траење на филмот :  104 минути Режија: Ol...

НЕ ГРИЖИ СЕ ДРАГА

НЕ ГРИЖИ СЕ ДРАГА

Don't Worry Darling Домаќинка од 1950-тите, која живее со својот сопруг во една експериментална утописка населба, започува да се грижи дека можеби неговата гламурозна компанија крие вознемирувачки тајни. Жанр: Трилер Траење на филмот :  160 минути Режија: Olivia...