Leto kada sam naučila da letim
„Летото кога научив да летам“ е нежна приказна за созревањето и помирувањето. Дванаесетгодишната Софија (Клара Хрвановиќ) сонува за кампување со друштвото и за својот прв бакнеж. Сепак, приморана е летото да го помине во трошната семејна куќа на Хвар, со својата напорна баба Марија (Олга Одановиќ) и откачената баба-тетка Луце (Сњежана Синовчиќ). Без своето друштво, надвор од мрежа и без Интернет, животот на Софија на Хвар е „пекол“, но монотонијата набргу ја прекинува необичното однесување на баба Марија. Софија насетува дека е во прашање тајна романса, но големара истрага за љубовниот живот на бабата доведува до откривање на една долго чувана семејна тајна. Со нови пријателства, симпатии и авантури, Софија го добива своето летување од соништата, но и многу повеќе одошто можела да сонува.
Жанр:Акција, Драма
Траење на филмот : 87 минути
Режија: Radivoje Andrić
Улоги: Klara Hrvanović, Olga Odanović, Snježana Sinovčić, Žarko Laušević
Возрасна категорија: втора катагорија, родителски надзор
Дистрибутер: Konstantin Film MKD DOOEL Skopje
Датуми на прикажување
Сабота | 28.05.2022. | 18:00 |
Среда | 01.06.2022. | 18:00 |
Петок | 03.06.2022. | 18:00 |
Сабота | 04.06.2022. | 18:00 |
Цена на влезниците: 170 денари. За 3 или повеќе влезници цената е 120 денари.