How to Train Your Dragon: The Hidden World
Тоа што почна како неверојатно пријателство помеѓу млад викинг и страшен змеј, Ноќен Бес, стана епска авантура за нивните животи. Сега старешина и владетел на Берк, Хикап, заедно со Астрид создал неверојатна хаотична утопија за змејови. Кога ненадејното појавување на женка од Светол Бес се подудира со најтемната закана што нивното село некогаш ја доживеало, Хикап и Безабиот мораат да го напуштат единствениот дом за кој знаат и да отпатуваат до скриен свет за кој мислеле дека постои само во митовите. Нивните вистински судбини се откриени и змејот и јавачот ќе се борат заедно, до крајот на Земјата, да заштитат сѐ што научиле да сакаат.
Жанр: Акција, Авантура
Траење на филмот : 104 минути
Режија: Dean DeBlois
Улоги: Jonah Hill, Cate Blanchett, Kristen Wiig
Возрасна категорија: втора категорија, родителски надзор
Дистрибутер: Premium Film
Датуми на прикажување:
Сабота | 16.02.2019. | 18:00 | (2D) |
Вторник | 19.02.2019. | 18:00 | (3D) |
Петок | 22.02.2019. | 18:00 | (2D) |
Недела | 24.02.2019. | 18:00 | (3D) |
Четврток | 28.02.2019. | 18:00 | (3D) |
Цена на влезниците: 200 денари за 3D, 150 за 2D. Доколку купите 3 или повеќе карти цената за 3D e 170 денари, за 2D е 120 денари.