The Grinch
Гринч живее осамен живот во една пештера во друштво на своето верно куче Макс. Во пештерата која е опремена со негови пронајдоци и чудни направи, кои би требало да му го олеснат животот, Гринч го троши поголемиот дел од своето време, а жителите на Whovilea ги гледа само кога ќе му фали храна. Се држи на страна и избегнува секаков контакт со другите живи сиштества, но, еднаш годишно, за време на Божиќ, неговите сограѓани со се поголемите, погласните и посветлите прослави, му го отежнуваат преправањето дека они не постојат. Овогодинешната одлука на жителите на Whoville да ја направат новогодишната елка поголема од било кога, е капката која ја прелива чашата, па така Гринч сфаќа дека единствен начин да си обезбеди мир и тишина е да им го украде Божиќ. За да успее во својата цел, тој решава на Бадник да се претвори во Дедо Мраз.
Жанр: Анимиран / цртан, Акција, Семеен
Траење на филмот : 105 минути
Режија: Peter Candeland, Yarrow Cheney
Улоги: Benedict Cumberbatch
Возрасна категорија: втора категорија, родителски надзор.
Дистрибутер: Premium Film
Датуми на прикажување:
Недела | 25.11.2018. | 18:00 | (2D) |
Сабота | 01.12.2018. | 18:00 | (3D) |
Сабота | 08.12.2018. | 18:00 | (3D) |
Недела | 09.12.2018. | 18:00 | (2D) |
Цена на влезниците: 200 денари за 3D,150 денари за 2D. Доколку купите 3 или повеќе карти цената е 170 за 3D 120 денари за 2D.