Godina majmuna
Двата главни протагонисти на оваа црна комедија се Цобе, сиромашен чувар во Зоолошката градина во Скопје и шимпанзото Коко, жител на истата градина. Едноставната приказна се плетка околу бегањето на Коко „од ропство во слобода„. Цобе, поради општата економска криза и бедотија, добива отказ на своето работно место и ветување дека ќе го вратат на работа доколку успее да го пронајде и донесе назад одметникот. Во измачената и со транзиција девастираната земја, се крева голема медиумска бучава околу избеганото шимпанзо. Коко станува симбол на отпор и слободарски тежнеења, некој што успеал да излезе од магичниот круг на општата ентропија. Така, спасувачката мисија на Цобе за фаќање на шимпанзото ќе стане и предавничка. Апсурдно комичните перипетии од ловот на избеганото шимпанзо ги следиме делумно и од визурата на самиот Коко. Тој е некој вид на огледало и нем сведок на тажно-смешниот свет, кој си го загубил компасот; и ненамерна причина на тоа трагикомично соочување на народот со сопствените стравови и фрустрации. Коко станува знаме на побуната, на непослушноста, и на сето она што обичниот човек во една сиромашна земја не може да биде.
Жанр: Комедија, Фантазија
Траење на филмот : 116 минути
Режија: Vladimir Blazevski
Улоги:Igor Angelov, Marija Kohn , Bereda Reshit, Aleksandar Kamnaroski, Faik Mefailoski
Возрасна категорија: втора категорија, родителски надзор
Дистрибутер: Панк Филм
Датуми на прикажување:
Четврток | 06.12.2018. | 20:00 | Г.сала | |
Сабота | 08.12.2018. | 20:00 | Г.сала | |
Недела | 09.12.2018. | 20:00 | Г.сала | |
Понеделник | 10.12.2018. | 22:00 | М.сала | |
Вторник | 11.12.2018. | 22:00 | М.сала | |
Среда | 12.12.2018. | 22:00 | М.сала |
Цена на влезниците: 150 денари за Голема сала и 100 денари за Мала сала.