Тв Алфа: „Браќа Манаки“ ќе ја сефтоса дигиталната кино – опрема

Битолските филмофили ќе бидат соочени со најсовремените предизвиците од седмата уметност , бидејќи во Центарот за култура во Битола пристигна најавената дигитална кино- опрема, која ќе биде сефтосана со емитувањето на неколку филмски остварувања од годинешното издание на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“

 Битолските филмофили ќе бидат соочени со најсовремените предизвиците од седмата уметност , бидејќи во Центарот за култура во Битола пристигна најавената дигитална кино- опрема, која ќе биде сефтосана со емитувањето на неколку  филмски остварувања од годинешното издание на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“.

– Имаме набавено нова дигитална опрема која што повеќе пати ја најавувавме  и истата веќе е стигната, поставена и е спремна за реализација на 34- тото издание на фестивалот „Браќа Манаки“ . Но, освен она што е најзначајно за тој сегмент, фестивалот да биде технички на највисоко ниво во својата историја,  опремата е исто многу значајно за понатамошното функционирање на киното во центарот за култура- рече на денешниот прес Борче Димитровски, директор на Центарот за култура во Битола.
Оваа опрема чини над 110. 000 евра, а средствата ги обезбедија Министерството за култура, “Еуримаж“ и Општината Битола. Со тоа,  создадени се сите технички услови за врвна реализација на фестивалот “Браќа Манаки“. Меѓутоа, тука не е крајот на кино- прикажувачките посластици.  Во Центарот за кутлура, по завршувањето на фестивалот, ќе биде отворено 3 Д- кино со секојдневен репертоар од најновите холивудски и европски филмови, а за самиот старт во октомври, во редовен репертоар, битолчани ќе ги видат македонските фгилмски остварувања “ Соба со пијано“ од Игор Иванов Изи и “Балканот не е мртов“ од Александар Поповски.

Поврзани објави

ПЧЕЛИЧКАТА МАЈА (СИНХРОНИЗИРАН)

ПЧЕЛИЧКАТА МАЈА (СИНХРОНИЗИРАН)

Abelha Maia: Os Jogos do Mel Пчеличката Маја се има појавено за првпат пред стотина години и набргу станува една од најчитаните книги тоа време, омилена кај возрасните и кај децата. По првиот филм кој ја воодушеви публиката од сите генрации, ни пристигнува вториот дел. Кошничката на Маја е...

ПРЕДАСТВО

ПРЕДАСТВО

RED SPARROW   Кога ќе се здобие со повреда која и ја завршува кариерата, Доминика и нејзината мајка се соочуваат со мрачна и несигурна иднина. Токму зато се наоѓа себеси изманипулирана како нов регрут на Спароу Школата, тајна разознавачка единица која обучува исклучителни млади луѓе како неа...

ТРИ БИЛБОРДИ ПРЕД ЕБИНГ МИСУРИ

ТРИ БИЛБОРДИ ПРЕД ЕБИНГ МИСУРИ

THREE BILLBOARDS OUTSIDE EBBING MISSOURI  Една мајка лично ги предизвикува локалните власти да го решат убиството на нејзината ќерка, откако нема да успеат да ги фатат извршителите. Режисерот Мартин МекДонах е роден во Лондон. Има двојно британско и ирско државјанство. МекДонах е наградуван...