Плус Инфо: Нова кино-опрема доби Центарот за култура во Битола

Нова техничка опрема доби големата сала при при Центарот за култура Битола, каде ќе се одржи интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ кој започнува в сабота.

Големата сала е опремено со ултра модерен дигитален 3Д кино проектор од водечкиот светски производител на дигитални проектори „Barco“ со можност за проекции во висока 2К резолуција.

Постоечкото платно е заменето со ново, високо рефлективно, со што нивото на квалитетот на сликата ќе ги достигне стандардите на светските кино сали. Додека за потполно нов 5.1 и 7.1 сараунд звук е инсталиран Долби систем CP 650, што значително ќе ги подобри перформансите во поглед на звукот. Со ова Фестивалот но и градот Битола добива современо кино со кристално чиста слика и перфектен звук.

Со тоа се отвора едно ново поглавје во киното во Големата сала при Центарот за култура Битола, кое набрзо после фестивалот ќе започне и со редовни 3Д проекции на најновите филмски остварувања, односно целта е кино репертоар 365 дена во годината во Центарот за култура.

http://www.plusinfo.mk/vest/105670/FOTO-Nova-kino-oprema-dobi-Centarot-za-kultura-vo-Bitola

Поврзани објави

ПЧЕЛИЧКАТА МАЈА (СИНХРОНИЗИРАН)

ПЧЕЛИЧКАТА МАЈА (СИНХРОНИЗИРАН)

Abelha Maia: Os Jogos do Mel Пчеличката Маја се има појавено за првпат пред стотина години и набргу станува една од најчитаните книги тоа време, омилена кај возрасните и кај децата. По првиот филм кој ја воодушеви публиката од сите генрации, ни пристигнува вториот дел. Кошничката на Маја е...

ПРЕДАСТВО

ПРЕДАСТВО

RED SPARROW   Кога ќе се здобие со повреда која и ја завршува кариерата, Доминика и нејзината мајка се соочуваат со мрачна и несигурна иднина. Токму зато се наоѓа себеси изманипулирана како нов регрут на Спароу Школата, тајна разознавачка единица која обучува исклучителни млади луѓе како неа...

ТРИ БИЛБОРДИ ПРЕД ЕБИНГ МИСУРИ

ТРИ БИЛБОРДИ ПРЕД ЕБИНГ МИСУРИ

THREE BILLBOARDS OUTSIDE EBBING MISSOURI  Една мајка лично ги предизвикува локалните власти да го решат убиството на нејзината ќерка, откако нема да успеат да ги фатат извршителите. Режисерот Мартин МекДонах е роден во Лондон. Има двојно британско и ирско државјанство. МекДонах е наградуван...