Новото дигитално 3-Д кино во Битола од денес почнува со работа

Со проекција на филмовите „Штрумофови-2“ во 17 часот и „Гравитација“ во 20 часот, денеска националната установа Центар за култура во Битола ќе го промовира и отвори првото дигитално 3-Д кино во овој град.

Како што истакна Борче Димитровски, директор на НУ Центар за култура-Битола, почетокот на редовниот репертоар ќе се одвива под мотото „Се гледаме на кино“ кое е опремено со ултра модерен дигитален 3-Д кино проектор од водечкиот светски производител на дигитални проектори „Барко“ со можност за проекции во висока 2К резолуција.

– На репертоарот ќе има филмови за сите генерации, за децата, тинјџерите и за возрасните. Првите изненадувања ќе бидат приредени денес бидејќи го ребрендиравме фоајето на центарот за култура, посетителите ќе може да купат пуканки и да се фотографираат со кукли на јунаците од понудените филмови, а за првите гости ќе има и други изненадувања, посочи Димитровски.

Новото кино е со капацитет од 800 седишта кои за 3-Д филмовите ќе бидат ограничени на 400 седишта. Постоечкото кино платно е заменето со ново високо рефлективно, а за новиот сараунд звук инсталиран е Долби систем ЦП-650.

– Со овој зафат градот добива современо кино со кристално чиста слика и перфектен звук. Кино репертоарот ќе се одвива во текот на целата година и притоа ќе бидат емитувани светски кино-хитови меѓу кои на 21 ноември, премиерно во Македонија ќе биде емитуван филмот „Советникот“ кој директно доаѓа од Холивуд. За потребите на кино-публиката во Битола ќе соработуваме со кино-дистрибутерите „Филипс филмс“, „Континентал филмс“, „МЦФ мегаком филмс“ и други постојани соработници, потврди Димитровски.

http://www.kurir.mk/republika/opstini/134698-Novoto-digitalno-3-D-kino-vo-Bitola-od-denes-pocnuva-so-rabota

Поврзани објави

ПЧЕЛИЧКАТА МАЈА (СИНХРОНИЗИРАН)

ПЧЕЛИЧКАТА МАЈА (СИНХРОНИЗИРАН)

Abelha Maia: Os Jogos do Mel Пчеличката Маја се има појавено за првпат пред стотина години и набргу станува една од најчитаните книги тоа време, омилена кај возрасните и кај децата. По првиот филм кој ја воодушеви публиката од сите генрации, ни пристигнува вториот дел. Кошничката на Маја е...

ПРЕДАСТВО

ПРЕДАСТВО

RED SPARROW   Кога ќе се здобие со повреда која и ја завршува кариерата, Доминика и нејзината мајка се соочуваат со мрачна и несигурна иднина. Токму зато се наоѓа себеси изманипулирана како нов регрут на Спароу Школата, тајна разознавачка единица која обучува исклучителни млади луѓе како неа...

ТРИ БИЛБОРДИ ПРЕД ЕБИНГ МИСУРИ

ТРИ БИЛБОРДИ ПРЕД ЕБИНГ МИСУРИ

THREE BILLBOARDS OUTSIDE EBBING MISSOURI  Една мајка лично ги предизвикува локалните власти да го решат убиството на нејзината ќерка, откако нема да успеат да ги фатат извршителите. Режисерот Мартин МекДонах е роден во Лондон. Има двојно британско и ирско државјанство. МекДонах е наградуван...