Нова Македонија: Фестивалот „Браќа Манаки“ со нова дигитална кино-опрема

Новата современа дигитална кино- опрема е поставена во Центарот за култура за најновото издание на 34. издание на Интернационалниот фестивал на филмската камера “Браќа Манаки” кое свечено ќе биде отворено в сабота во Битола и од технички аспект ќе биде на највисоко ниво во историјата на одржување на Филмскиот фестивал
– Со новата современа дигитална опрема, ќе добиеме кристално чиста слика и одличен звук  на кино- проекциите , нешто  што недостасуваше во изминатите години. Во средината на октомври се планира да почне со работа новото дигитално 3 Д кино и нашата цел преку целата година да има кино-проекции. Најновите холивудски хитови и филмските остварувања од  европското кинематографија ќе бидат дел од репертоарот за љубителите на филмската уметност.  Главно идејата е големата сала на Центарот за култура со новата опрема и во полн капацитет да функционира како кино сала – изјави денеска на прес-конференција, директорот на Центарот за култура- Битола, Борче Димитровски.

Министерството за култура, Филмскиот фонд, Општина Битола и европската мрежа Еуроимаж финансиски ја помогнаа  набавката на  кино-опремата.

http://www.novamakedonija.com.mk/DetalNewsInstant.asp?vestInstant=24057

Поврзани објави

ПЧЕЛИЧКАТА МАЈА (СИНХРОНИЗИРАН)

ПЧЕЛИЧКАТА МАЈА (СИНХРОНИЗИРАН)

Abelha Maia: Os Jogos do Mel Пчеличката Маја се има појавено за првпат пред стотина години и набргу станува една од најчитаните книги тоа време, омилена кај возрасните и кај децата. По првиот филм кој ја воодушеви публиката од сите генрации, ни пристигнува вториот дел. Кошничката на Маја е...

ПРЕДАСТВО

ПРЕДАСТВО

RED SPARROW   Кога ќе се здобие со повреда која и ја завршува кариерата, Доминика и нејзината мајка се соочуваат со мрачна и несигурна иднина. Токму зато се наоѓа себеси изманипулирана како нов регрут на Спароу Школата, тајна разознавачка единица која обучува исклучителни млади луѓе како неа...

ТРИ БИЛБОРДИ ПРЕД ЕБИНГ МИСУРИ

ТРИ БИЛБОРДИ ПРЕД ЕБИНГ МИСУРИ

THREE BILLBOARDS OUTSIDE EBBING MISSOURI  Една мајка лично ги предизвикува локалните власти да го решат убиството на нејзината ќерка, откако нема да успеат да ги фатат извршителите. Режисерот Мартин МекДонах е роден во Лондон. Има двојно британско и ирско државјанство. МекДонах е наградуван...